СЛИЧНОСТИ И РАЗЛИКИ ПОМЕЃУ ЕКСТЕРНИТЕ И ИНТЕРНИТЕ РЕВИЗОРИ

Authors

  • Janka Dimitrova

Keywords:

стручност, независност, објективност, испитување, проверка

Abstract

Дали финансиски информации за економските активности и настани
на компанијата се точни, целосни и согласно со законската регулатива
подготвени? Дали финансиските извештаи се реални? Дали ја прикажуваат
вистинската и објективната финансиска состојба и перформансите на
компаниите? Токму на овие прашања дава одговор екстерната ревизија,
чија основна задача е да се создаде веродостојна информациона база, која
ќе им овозможи на сите заинтересирани страни квалитетни информации
при донесувањето на стратешки одлуки. Затоа, ревизија на финансиските
извештаи на најважниот дел од целокупната ревизија.
Интерната ревизија се јавува како додаток на екстерната ревизија,
вршејќи формални и суштински испитување на исправноста и сигурноста
на сметководствената евиденција, на сите деловни функции во компанијата.
Американскиот институт за интерни ревизори под интерна ревизија
подразбира самостојна проценувачка функција востановена во компанијата
за да ги испитува и оценува активностите на компанијата. Интерните
ревизиори во суштина водат сметка за правилното функционирање
на компанијата и воспоставување на систем за ефективна внатрешна
контрола. Соодветно организирана интерна ревизија, значително ја
олеснува работата на екстерната ревизија.

Downloads

Download data is not yet available.

Downloads

Published

2020-12-09

How to Cite

СЛИЧНОСТИ И РАЗЛИКИ ПОМЕЃУ ЕКСТЕРНИТЕ И ИНТЕРНИТЕ РЕВИЗОРИ. (2020). Yearbook - Faculty of Economics, 5(1), 173-181. https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/3811

Most read articles by the same author(s)

1 2 > >>