ИНИЦИЈАЛНА ЈАВНА ПОНУДА НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ (ИЈП)
Keywords:
приватна компанија, јавна компанија, акционерско друштво, јавен повик, јавна понуда, капитал.Abstract
Инвестирањето во финансиска смисла претставува купување на одреден имот (хартии од вредност, недвижнини, скапоцености итн.) или депонирање на пари во банка, со намера за остварување на иден принос од вложувањата, односно остварување на камата од депонираните средства. Гледано пак од аспект на компаниите, заштедите може да се приберат (мобилизираат) преку емисија на хартии од вредност (акции или корпоративни обврзници) и да се наменат за финансирање на развојните планови на компанијата. Во берзанското секојдневие се познати настаните кои се поврзани со иницијалната понуда на акции на пазарот на капитал или ИЈП (англ. IPO – Initial Public Offering). Основна цел на овој труд е претставување на процесот на реализација на ИЈП и нивните предности и недостатоци.