УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИТЕ ВО ФИНАНСИСКОТО РАБОТЕЊЕ СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА КРЕДИТНИОТ РИЗИК

Authors

  • Janka Dimitrova
  • Emilija Zaeva-Kostova

Keywords:

финансиско работење, финансиски ризик, кредитен ризик, каматни стапки

Abstract

Сведоци сме дека ризиците од финансиското работење, а посебно кредитниот ризик и ефикасното управување со нив, како за одделните банки така и за банкарските системи – системите на националните економии, но и за системот на глобално ниво, се од огромно значење. Оттука произлегува и мотивацијата за избор на оваа тема за предмет на истражување. Нејзиното значење посебно се гледа во нејзината актуелност. Во последно време оваа тема доби доста простор помеѓу останатото и затоа што кредитниот ризик е оценет како еден од причинителите на големата хипотекарна криза која го зафати прво стопанството на САД, a потоа се прошири на целиот свет. Недоволно строгите критериуми при одобрување на кредити и неадекватните оценки кои рејтинг агенциите им ги доделувале на одделни компании, врз основа на кои тие понатаму се задолжувале, иако не биле доволно кредитно способни, доведоа до тоа голем број на кредити да останат ненаплатени што резултираше со големи загуби за инвеститорите и банките. Имајќи го предвид претходно изнесеното, за да се избегне ризикот или барем да се намали и доведе до прифатливи граници, потребно е ризикот е да се анализира и управува. Анализата на ризикот треба да укаже на клучните точки и процеси на настанување на ризикот. Управувањето со кредитниот ризик е важен фактор за успешно работење на банките.

Downloads

Download data is not yet available.

Downloads

Published

2020-12-13

How to Cite

УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИТЕ ВО ФИНАНСИСКОТО РАБОТЕЊЕ СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА КРЕДИТНИОТ РИЗИК. (2020). Yearbook - Faculty of Economics, 9(1), 121-133. https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/3852

Most read articles by the same author(s)

1 2 > >>