УЛOГАТА НА ИНТЕРНАТА РЕВИЗИЈА ЗА УСПЕШНО МЕНАЏИРАЊЕ СО КОМПАНИИТЕ
Keywords:
ревизор, економичност, ефикасност, ефективност, менаџер.Abstract
Менаџментот на компаниите континуирано е фокусиран кон
економично, ефикасно и ефективно работење на компаниите во
функција на остварување на најдобри можни финансиски резултати
кои ги очекуваат стеикхолдерите. За остварување на поставените цели,
еден од организациските сегменти што треба да бидат воспоставени е и
секторoт за интерна ревизија кој треба да функционира независно и да
располага со ресурси (човечки, технички и софтверски) кои ќе овозможат
континуирано следење на работењето на компанијата и ќе резултираат
со насоки и препораки за надминување на пропусти, грешки и измами
доколку се појават.
Интерните и екстерните ревизори имаат бројни сличности и
разлики, но во суштина и на едните и на другите целта им е да се откријат
недостатоците и грешките во функција на поуспешно работење и
вистинско и објективно финансиско известување.