СОВРЕМЕНИТЕ МЕТОДИ ЗА ПРЕСМЕТКА НА ТРОШОЦИТЕ КАКО ОСНОВА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА КОНКУРЕНТСКАТА ПРЕДНОСТ НА КОМПАНИИТЕ
DOI:
https://doi.org/10.46763/YFE21221013kKeywords:
трошоци, управување, пресметка, методи, одлучување, современи.Abstract
Управувањето со трошоците значи нивно рационално намалување со основна
цел зголемување на профитабилноста на компаниите. Ефикасното управување со трошоците
овозможува реализација на поставените цели на работењето и остварување конкурентска предност
на компаниите на пазарот. Ова всушност значи поефикасна употреба на расположивите ресурси
и строга контрола на трошоците, преку намалување на активностите што резултираат со високи
трошоци. Поради интензивните промени во технологијата и пазарните услови, традиционалните
сметководствени системи за пресметка на трошоците станале несоодветни. Тие се појавиле во време
кога многу компании имале мал обем на производство, а директната работна сила и материјалите
биле главните трошоци на производството. Денес, ситуацијата е значително променета. Компаниите
произведуваат во големи размери, директната работна сила има мал удел во вкупните трошоци, а
оперативните трошоци се зголемуваат.
Во обид за поефикасно управување со трошоците развиени се бројни современи методи за
нивна пресметка, со што се овозможува донесување на оптимални деловни одлуки и зголемување
на успешноста во работењето на компаниите.