КВАЛИТЕТНО УПРАВУВАЊЕ СО ЗАЛИХИТЕ - ПРЕДУСЛОВ ЗА ЕФИКАСНО РАБОТЕЊЕ НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО
Keywords:
залихи, евиденција, вреднување, менаџирање, економска големина на порачка, точно на време, оптимално нивоAbstract
Предмет на овој труд е управувањето со залихите како еден од битните
предуслови за ефикаснои успешно работење на претпријатијата. Цел на
управувањето со залихите е одржување на оптимално ниво на залихи во
компанијата. Надминувањето на оваа ниво може да предизвика премногу
трошоци за чување и одржување, а од друга страна кусок на залиха може
да го стопира или задоцни производствениот процес. Доколку бенефитот
од залихите е поголем од трошоците, тогаш е разумно претпријатието да
ги чува залихите. Има голем број проблеми при одредување на економски
оптималното ниво и за тоа како да се конвертираат или елиминираат сите
релевантни вишоци или кусоци на залихите. Утврдувањето на економската
количина на порачка (EOQ) и моментот на чување на нарачката е друг
проблем кој е познат за менаџментот. Затоа секое претпријатие за да може
да опстане на пазарот, да има ефикасно и ефективно деловно работење, да
носи добри деловни одлуки и да биде профитабилно, неопходно е соодветно
да управува со своите залихи, а за да го постигне тоа треба да располага
со соодветен систем за евиденција на залихите, и вистинска стратегија,
методи и алатки за управување со залихите.