УПРАВУВАЊЕ СО ЗАЛИХИ – КЛУЧ ЗА УСПЕШНО ДЕЛОВНО РАБОТЕЊЕ
DOI:
https://doi.org/10.46763/YFE21221041kKeywords:
залихи, менаџирање, систем, евиденција, ниво, големинаAbstract
Во фокусот на овој труд е управувањето со залихите кое директно влијаат на
подобрување на ефикасноста и зголемување на ефективноста на компанијата. Менаџментот е
заинтересиран за залихите и затоа ги планира и контролира. Поради тоа, потребен е ажурен систем
на нивна евиденција. Со вистинска стратегија и алатки за управување со залихите, се оптимизира
нивото на залиха во магацинот. Порастот на вредноста на неконкурентни залихи е сигнал за лошо
работење и потенцијална загуба. Менаџментот треба постојано да го анализира нивото на залихи,
како на залихите кои се чуваат како предмети за работа, исто така и на залихите на готовите
производи и стоки, со цел да ги намали или избегне финансиските расходи од нивно непотребно
чување. Одржувањето на вистински потребното ниво на залихи, има големо влијание на успешноста
кај сите бизниси, независно од големината.