ФОРМИ НА ФИНАНСИРАЊЕ НА МАЛИТЕ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

Authors

  • Elmedina Shuajibi
  • Olivera Gjorgieva-Trajkovska
  • Blagica Koleva

Keywords:

финансирање, мали и средни претпријатија, извори, оптимализација

Abstract

Во услови на глобална економска криза проблемите во врска со
обезбедувањето соодветни извори за финансирање на бизнисите стануваат
сѐ поизразени. Деловните субјекти е неопходно да извршат оптимализација
на изворите на финансирање, што ќе овозможи максимизирање на крајните
финансиски ефекти, од една страна, и минимизирање на почетните
вложувања, од друга страна.
Интересот на деловните субјекти за оптимализација на изворите
на финансирање произлегува од нивното влијание врз ликвидноста и
профитабилностана работењето. Самофинансирањето претставува
најевтин облик на финансирање на процесот на репродукција, бидејќи
деловниот субјект не го оптоварува со камати, ниту со обврска за
враќање на главницата, што не е случај со туѓите извори на финансирање.
Ваквиот начин на финансирање овозможува висок степен на финансиска
независност при донесување на финансиските одлуки, како и
флексибилност во водењето на финансиската политика и распределбата
на добивката.
Меѓутоа, деловните субјекти не можат да го финансираат својот раст
и развој исклучиво од сопствени извори. Имено, тие често се потпираат
и на позајмените извори, односно на кредитите од банките и другите
финансиски институции, емисијата на хартии од вредност, специфичните
облици на финансирање, како што се: факторниг финансирањето,
форфетинг финансирањето, лизингот и финансирањето со франшиза.

При донесувањето одлука за избор на соодветен извор на финансирање,
деловниот субјект треба да има во предвид определени фактори, од
кои позначајни се следниве: актуелните услови на пазарот на капитал,
степенот на задолженост на деловниот субјект, цената на акциите,
даночната политика, степенот на развој на деловниот субјекти и сл.
Во многу потешка ситуација во однос на големите, се малите и средни
претпријатија, кои имаат ограничен пристап до изворите на финансирање
на нивното работење.

Downloads

Download data is not yet available.

Downloads

Published

2022-10-19

How to Cite

ФОРМИ НА ФИНАНСИРАЊЕ НА МАЛИТЕ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА. (2022). Yearbook - Faculty of Economics, 23(1), 71-80. https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/5353

Most read articles by the same author(s)

1 2 3 4 5 > >>