ФОРМИ НА ФИНАНСИРАЊЕ НА МАЛИТЕ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

  • Elmedina Shuajibi
  • Olivera Gjorgieva-Trajkovska
  • Blagica Koleva
Keywords: финансирање, мали и средни претпријатија, извори, оптимализација

Abstract

Во услови на глобална економска криза проблемите во врска со
обезбедувањето соодветни извори за финансирање на бизнисите стануваат
сѐ поизразени. Деловните субјекти е неопходно да извршат оптимализација
на изворите на финансирање, што ќе овозможи максимизирање на крајните
финансиски ефекти, од една страна, и минимизирање на почетните
вложувања, од друга страна.
Интересот на деловните субјекти за оптимализација на изворите
на финансирање произлегува од нивното влијание врз ликвидноста и
профитабилностана работењето. Самофинансирањето претставува
најевтин облик на финансирање на процесот на репродукција, бидејќи
деловниот субјект не го оптоварува со камати, ниту со обврска за
враќање на главницата, што не е случај со туѓите извори на финансирање.
Ваквиот начин на финансирање овозможува висок степен на финансиска
независност при донесување на финансиските одлуки, како и
флексибилност во водењето на финансиската политика и распределбата
на добивката.
Меѓутоа, деловните субјекти не можат да го финансираат својот раст
и развој исклучиво од сопствени извори. Имено, тие често се потпираат
и на позајмените извори, односно на кредитите од банките и другите
финансиски институции, емисијата на хартии од вредност, специфичните
облици на финансирање, како што се: факторниг финансирањето,
форфетинг финансирањето, лизингот и финансирањето со франшиза.

При донесувањето одлука за избор на соодветен извор на финансирање,
деловниот субјект треба да има во предвид определени фактори, од
кои позначајни се следниве: актуелните услови на пазарот на капитал,
степенот на задолженост на деловниот субјект, цената на акциите,
даночната политика, степенот на развој на деловниот субјекти и сл.
Во многу потешка ситуација во однос на големите, се малите и средни
претпријатија, кои имаат ограничен пристап до изворите на финансирање
на нивното работење.

Downloads

Download data is not yet available.

References

1. Арсовски Д., Ризици во банкарското работење, Economy
Press, Скопје,1998 43. Трајкоска Г., Финансиската структура и
профитабилноста на претпријатијата, Економски факултет, Прилеп,
1998.
2. Таки Фити, Филипоски Владимир, Основи на микроекономијата,
Економски факултет Скопје, 1999.
3. Спасов Синиша, Арсов Сашо, Финансиски менаџмент, Економски
факултет Скопје, 2004.
4. Спасов С, Финансиски менаџмент, Унија, Скопје, 1997.
5. Sahlman William A. And Stevenson Howard H., The entrepreneurial
venture, Harvad Business Scholl, Boston 1991.
6. Hoffman H. Douglas: Risk Management: The Bankers Handbook, Third
Edition, Edited by William H. Baugh, Tomas i Storrs and Charls E.Walker,
Dow Jones – Irwin, Homewood illinois, 1988. god.
Published
2022-10-19
How to Cite
Shuajibi, E., Gjorgieva-Trajkovska, O., & Koleva, B. (2022). ФОРМИ НА ФИНАНСИРАЊЕ НА МАЛИТЕ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА. Yearbook - Faculty of Economics, 23(1), 71-80. Retrieved from https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/5353

Most read articles by the same author(s)

<< < 1 2 3 4 5 6 > >>