УЛОГАТА И ЗНАЧЕЊЕТО НА РЕВИЗИЈАТА НА ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ НА КОТИРАНИТЕ ЕНТИТЕТИ
Keywords:
ревизорско мислење, ревизорски доказ, ревизорски техники, ревизорска независност, принцип на континуитетAbstract
Од нејзиното појавување па сѐ до денес, ревизијата на финансиските извештаи на компаниите од страна на независен надворешен ревизор е камен-темелник на довербата во финансиските системи во светот. Бенефитот од ревизијата е што обезбедува уверување дека менаџментот на компанијата има обезбедено ,,вистински и објективен” поглед на финансиските резултати и позиции на компанијата. Ревизијата овозможува градење на мост на доверба меѓу оние кои ја управуваат компанијата и оние кои ја поседуваат - акционерите. Со оглед на важноста која ѝ е дадена, често се поставуваат прашања во врска со ревизијата, ревизорите и улогата што таа ја има за акционерите. Оваа публикација има за цел да обезбеди корисни информации за тоа што значи ревизија на финансиски извештаи и за улогата на ревизорот при вршењето на ревизијата.