ЕКОНОМСКАТА АКТИВНОСТ, ТРГОВСКИТЕ ТЕКОВИ И ГРАВИТАЦИОНИОТ МОДЕЛ
Abstract
Гравитацискиот модел е статистички модел кој ги проценува
трговските текови на едни земји со други врз основа на економските
карактеристики на двата трговски партнери. Основните предвидувања
на гравитацискиот модел се дека две земји ќе тргуваат меѓусебно повеќе,
кога нивните БНП-и се поголеми и географското растојание меѓу нив е
помало.
Гравитацискиот модел во неговата основна форма проценува дека
трговската размена меѓу земјите постои поради гравитациската сила на
два предмета: таа е директно поврзана со големината на земјата и обратно,
или негативно поврзана со растојанието меѓу нив.
Многу економисти го користат гравитацискиот модел, обидувајќи се да
предвидат кои земји ќе тежнеат да тргуваат едни со други. Гравитациониот
модел е создаден за да го предвиди обемот на сообраќај меѓу две места,
миграцијата меѓу градовите, бројот на телефонски повици, транспортот
на добра и пратки и други видови на движења. Гравитацискиот модел, исто
така, се применува за споредување на гравитациската привлечност меѓу
соседите (градови, држави, региони, континенти).
Гравитациониот модел се однесува на гравитациската сила како
аналогија да се објасни обемот на трговијата, миграција, прилив на
капитал, како и диференцијација на производи меѓу различни ентитети.
Downloads
References
the position of German FDI in Central and Eastern Europe. Hamburg
Institute of International Economics (HWWA). Discussion Paper 328.
Frederick, P.S.; Warf, B.: The World Economy: Resources, Location, Trade
and Development. New Jersey: Pearson: Prentice Hall, 2005.
ГеоргиеваСвртинов В.,Финансиска либерализација и финансиска
стабилност, Македонска ризница, Куманово, 2011.
Husted Stephen, Melvin Michael (2007): An Introduction to international
Trade.:International Economics 2007, Pearsow, Boston,New York.
EC. 2009. Green Paper TEN-T: A Policy Review: Towards a Better Integrated
Transeuropean Transport Network at the Service of the Common
Transport Policy. Brussels: Commission of the European Communities,
Directorate General for Regional Policy.
Кикеркова И.: Меѓународна економија. Скопје: Економски факултет,
2003.
Николовска Н.: Регионална економија: постојан учебник. Скопје:
Економски факултет, 2000, стр.29-30.
Subhani M.I., Osman A., Khokhar R.: The new version of gravity model in
explaining bilateral trade. “A comparative study for developed and
undeveloping nations”. EuroEconomica. 2(28)/2011.
Temjanovski R (2011): Strengthening neighbourhood economic cooperation: crucial factor for positive economic growth.София: 7-междун.научнако
нференциянамладитенаучниработници, 2011.
Temjanovski R. (2012): Towards sustainable transport policy and harmonizing
external trade by mode of transport: Macedonian case. Sarajevo: Bosnia
and Herzegovina from 31 May – 1 June 2012.ISSD 2012.
Темјановски Ристе (2010): Правци во светската трговија: учесници и
победници. Скопје. Европски универзитет, 2010.