МОДЕЛ ЗА УПРАВУВАЊЕ НА ЗАЛИХИТЕ БАЗИРАН НА ПЛАНИРАЊЕ НА ПОТРЕБИТЕ ЗА МАТЕРИЈАЛ (MATERIAL REQUIREMENT PLANNING – MRP)
Keywords:
управување со залихи, побарувачка, оптимална политика, модели на залиха, трошоци, претприемач, испорака и сл.Abstract
Управувањето со залихите е една од најважните логистички задачи.
Многу претпријатија се соочуваат со проблеми кои го попречуваат
пронаоѓањето на оптимална политика на управување со залихите.
Со оглед на фактот дека проблемот со залихите во денешно време
е сѐ повеќе актуелен во работењето на претпријатијата, предмет на
истражување на овој труд ќе бидат современите модели на залихи, каде
што акцентот ќе биде ставен на моделот за управување на залихите
базиран на планирање на потребите за материјал (Material Requirement
Planning – MRP). Во домашната стручна литература овие модели се
најмалку обработени. Со цел овoj современ метод на залихи да бидe
добро и темелно елабориран, во трудот се применети повеќе методи.
Резултатите кои се добиени се темелат на анализа на практичен пример
од секојдневното работење на претпријатијата и претставуваат основни
постулати за планирање и контрола на залихите. Со воведувањето на
моделите во практика и нивното познавање и примена се овозможува
постигнување на поголема продуктивност и добивка во работата.