УЛОГАТА НА СТАНДАРДИТЕ НА КВАЛИТЕТ НА ХРАНА НА СТАВОВИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО КОМПАНИИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ХРАНА И ПИЈАЛАЦИ ВО Р. МАКЕДОНИЈА
Keywords:
управување со квалитет, обука, HACCP, ISO, ISO 22000, исхранаAbstract
При контролата на производство на храната постои верига на управување. Вршењето на одредена работа сѐ повеќе зависи од знаењето, довербата помеѓу двете страни, купувачот и снабдувачот, која е од посебна важност. Одност помеѓу купувачот и снабдувачот е верига од перспектива за управување со квалитет. Контролата на храната не вклучува само инспекција, туку подразбира производен процес кој е испланиран, развиен и подразбира корективни мерки. Крајната цел на квалитетот на контролата на конечниот производ, во границите на дозволеното отстапување, бара познавање на мерењето и анализа на квалитетот, како и целосна посветеност на менаџментот и вработените на компаниите. Целта на овој труд е да се согледа ефектот од примената на стандардите за квалитет на храната во компаниите во Р. Македонија, како и свесноста на вработените за влијанието на стандардите за квалитет во севкупниот впечаток за квалитет на храната која тие ја произведуваат.