МЕТОДИ ЗА ПРЕСМЕТКА НА ТРОШОЦИТЕ
Abstract
Предмет на обработка во овој труд претставуваат методите за пресметка на трошоците, со посебен осврт на современите методи, преку анализа на начинот на кој истите ги опфаќаат и пресметуваат сметководствените трошоци, со цел за што е можно попрецизно одредување на цената на чинење на учиноците. Современите методи за пресметка на трошоците имаат значајна улога во современите пазарни економии, заради сѐ поизразената потреба за хармонизација на производствените процеси и ефикасно управување со финансиите, односно зголемување на профитот на компаниите. Традиционалните системи за пресметка на трошоците се недоволно ефикасни во управувањето со производството, затоа што во услови на развиени и високо конкурентни пазари, се јавува потреба во исто време да се произведува поефтино, со повисок квалитет и побрзо во однос на конкуренцијата. Ова може да се постигне со воведување и примена на современите методи за пресметка на трошоците, кои имаат различни цели и со самото тоа, не се универзални за сите типови на индустрии. Врз основа на различните потреби на компаниите и поставените цели на работењето, менаџментот избира еден од методите за пресметка на трошоците, кој најдобро ги задоволува потребите на сметководството и стратешкиот менаџмент на компанијата.
Downloads
References
[2] Bhimani, A., et al. “Upravljacko racunovodstvo I racunovodstvo troskova”, Zagreb, Mate, 2018.
[3] H. Perčević, H.: Obračun troškova po radnom nalogu uz primjenu MRS-a 2 i HSFI-a 10, Računovodstvo i financije, br. 12, 2010.
[4] Hanim Bt Fadzil, F.&A. Rababah ,ÒManagement Accounting Change: ABC Adoption and ImplemantationÓ. Journal of Acoounting and Auditing: Research&Practice, 2012.
[5] Ž. Pajić: Obračun troškova na temelju aktivnosti – ABC metoda, Slobodno poduzetništvo, br. 19, TEB, Zagreb, 2000.
[6] Stefanovic, J., ÒInterni obracunÓ, Ekonomski fakultet, Beograd, 2014.
[7] Tomkins, C. R., D. Madigan, B. May, & P. Steckelmacher, ÒModern developments in cost managementÓ, University of Berth, 1997.
[8] Ž. Pajić: Obračun troškova na temelju aktivnosti – ABC metoda, Slobodno poduzetništvo, br. 19, TEB, Zagreb, 2000.
[9] Конеска, Љ. Управувачко Сметководство, Европски универзитет, Скопје, 2007.