СОВРЕМЕНИ СИСТЕМИ ЗА ПРЕСМЕТКА И УПРАВУВАЊЕ СО ТРОШОЦИТЕ
Keywords:
трошоци, управување, современи, методи, пресметкиAbstract
Предмет на обработка во овој труд претставуваат современите системи за пресметка на трошоците, преку анализа на начинот на кој истите ги опфаќаат и пресметуваат сметководствените трошоци, со цел за што е можно попрецизно одредување на цената на чинење на учиноците и ефикасно управување со бизнисите. Современите методи за пресметка на трошоците имаат значајна улога во современите пазарни економии, заради сѐ поизразената потреба за хармонизација на производствените процеси и ефикасно управување со финансиите, односно зголемување на профитот на компаниите. Традиционалните системи за пресметка на трошоците се недоволно ефикасни во управувањето со производството, затоа што во услови на развиени и високо конкурентни пазари, се јавува потреба во исто време да се произведува поефтино, со повисок квалитет и побрзо во однос на конкуренцијата. Ова може да се постигне со воведување и примена на современите методи за пресметка на трошоците, кои имаат различни цели и со самото тоа, не се универзални за сите типови на индустрии.
Врз основа на различните потреби на компаниите и поставените цели на работењето,
менаџментот избира еден од методите за пресметка на трошоците, кој најдобро ги задоволува
потребите на сметководството и стратешкиот менаџмент на компанијата.