ВИДОВИ РИЗИЦИ И УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИТЕ ВО БАНКИТЕ-НЛБ БАНКА
Keywords:
банкарско работење, ризици, управување со ризици, кредитен ризик, каматен ризик, оперативен ризик, ликвидносен ризикAbstract
Банките се најзначајни и најдоминантни учесници на финансиските пазари, Со право го земаат епитетот на најбитен фактор во управувањето со тековите на финансиските процеси. Како специфична институција, банките имаат голем импакт на целокупната светска економија но
и со својата специфична финансиска структура се соочуваат со потенцијални закани и ризици кои директно или индиректно влијаат на нивното целокупно работење. Сѐ со цел да се намали и заштити влијанието на закани од ризични фактори во банкарскиот сектор е создадена релативно
нова научна дисциплина која се нарекува управување со ризици. Управувањето со ризици ја има главната улога во успешноста на банките и несомнено е дека само доброто менаџирање со ризиците може да даде успех во работењето на банките.