Казнено-правна уреденост на прозводство и дистрибуирање на детска порнографија преку MAC - медиумите (светско и македонско искуство)
Abstract
Интернетот е комплексна, анархична и мултинационална средина во којашто основните концепти на регулирање на содржините се многу тешко применливи. И покрај генералната перцепција, Интернетот не може да биде рај на беззаконието. Постои генерален консензус дека границата на слобода во половата определеност и слободното изразување треба да биде повлечена пред детската порнографија којашто е недозволив, нехуман и неприроден чин. Водејќи се од сериозноста на овој проблем, многубројни меѓународни организации и тела се посветени на експлицитно, недвосмислено и прецизно оформување на правната рамка за овој вид на криминалитет. Со таа цел, донесени се многубројни конвенции,декларации, протоколи, резолуции, понатаму, одржани се многубројни средби и конференции со цел да се хармонизира законодавството на овој план.