Улогата на јавниот обвинител во новиот нацрт на законот за кривичната постапка
Abstract
Со донесувањето на Стратегијата за реформа на казненото право од страна на Владата на Р. Македонија во 2007 година,постигната е суштинска измена на нашата казнена постапка. Основата на оваа реформа е постигнување на компатибилноста помеѓу македонското казнено право и европското казнено право. Основни цели на оваа реформа се: обезбедување на активна и раководна улога на јавното обвинителствово текот на претходната постапка, со ефикасна контрола врз полицијата,укинување на судската истрага, воведување на институтот за признавање на вина, имплементација на препораките на Европската унија и Советот на Европа и др. Посебен осврт во овој труд ќе се даде на новата улога на јавниот обвинител.