Улогата на партиското членство во внатрепартиските активности и во изборната кампања
Abstract
Улогата на партиското членство зависи од неговата позиција во политичката партија. Тие се важен дел од изборната кампања бидејќи вршат мобилизација меѓу гласачите, вршат пропагандни активности и се извор на финансиски средства. Во овој труд се отсликува трендот на опаѓање на интересот за членување во политичка партија и за партиски активности и се објаснуваат причините за овие појави.