IUS NATURALE подзаборавениот правец во философијата на правото
Dimitar Apasiev
Abstract
Авторот на трудот прави обид да ги оживее подзаборавените правни идеи својствени на приврзаниците на природното право – како посебен правец во философијата на правото. Преку историско- компаративен пристап, тој се обидува да ги пренесе оригиналните инспиративни идеи на видни авторитети, философи и правници кои твореле од антиката па сè до денес. Во трудот особено е обработено и влијанието на стоицизмот врз продуховениот развој на римското право. Истовремено е дадена и остра критика на правниците позитивисти и на нивниот „нормативистички“ и некреативен правен пристап во изучувањето и во толкувањето на правото, кој е штетен како за студентите, така и за правното образование воопшто.