Договор за организирање на патување и општи услови за патување
Abstract
Туристичките агенции играат важна улога во развојот
на туризмот, а при вршење на својата дејност влегуваат во договорни
односи со корисниците на услугите. Предмет на оваа статија се договорот
за организирање на патување и општите услови за патување кои важат
во Македонија. Во текстот се опфатени позначајните Меѓународни
конвенции, како и основната законска регулатива која е поврзана со
туризмот во Република Македонија. Во последниот дел на трудот е
направен осврт на дел од правата и обврските на корисниците и на
давателите на туристичките услуги кои се содржат во општите услови за
патување.
Клучни зборови: туризам, туристички агенции, договор за патување, општи услови за патување.