Задолжителен обид на медијација во Република Македонија
Abstract
Основната цел на овој труд е да се анализира постоењето
на медијацијата како средство за мирно решавање на спорови, рамката
и институционалната поставеност и можностите за редефинирање на
медијацијата и постапката за нејзино извршување. Досегашната пракса
во постапката за медијација покажа одредени недостатоци и потешкотии
особено во делот на нејзиното прифаќање, профилот на медијатор,
институционалната поставеност на медијацијата и остварувањето на
соработка со институциите на системот.
Улогата и значењето на медијацијата е исклучително важна во
услови на остварување на силен реформски процес на правосудниот
систем на Република Макдонија и исполнување на тековните обврски кои
произлегуваат од процесот на пристапување кон Европската унија.
Република Македонија има потреба од конкретна и јасно концепирана
задолжителна медијација со дефинирана структура и практични решенија
за ефикасна примена.
Клучни зборови: медијација, задолжителна медијација, постапка на медијација, мирно решавање на спрови.