ПРАВДАТА И СПРАВЕДЛИВОСТА КАКО ВРЕДНОСНИ ПРИНЦИПИ НА ПРАВОТО
Abstract
Предмет на овој труд, пред сѐ, е правдата како вредносен
принципи на правото, но и на справедливоста како нејзинконкретизиран
вид. Поаѓајќи од вака определениот предмет акцентот во него и е ставен на
принципот на правдата, третиран од претставниците на натуралистичката
теорија, како критериум за определување на правноста на општествените
односи и нормите со кои тие се уредени. Како пандан на ова во трудот
е изнесено и гледиштето на претставниците на легалистичката, односно
нормативистичката теорија на правото. Според нив правдата, но и
справедивоста како нејзин конкретизиран вид или пошироко природното
право како вредносни категории се без било каво влијание врз правноста
на општествените односи и врз нормите на позитивното право. Насппроти
нив, според натуралистите правдата не само што е вредносен критериум,
туку без неа неможе и да се зборува за правото. Авторот на овој труд
го споделува своето мислење токму со ваквото гледање на правдата.
Тоа според него е и најприфатливото гледиште за категориите правда
и справедливост. Имајќи ја предвид тесната интеракциска поврзаност и
условеност на правото визави правдата и справедливоста тој, сакајќи ова
што појасно да го изрази, нив во трудот ги гледа како „нераздвоиво правно
тројство”, исто како што во христијанското верување се отецот, синот
и светиот дух, како „свето тројство.“
Клучни зборови: право, правда, справедливост, правна вредност