ТЕКСТУАЛНА АНАЛИЗА НА ПРЕСУДИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ВО РЕПУБЛИКА ФРАНЦИЈА
Abstract
Овој труд има за цел да изврши анализа на текстуално
рамниште на француските и на македонските првостепени пресуди, како
акти од индивидуален карактер кои се одликуваат со специфична структура.
Анализата треба да покаже на кој начин се организирани пресудите во
целина, но и кои се стилските особености на текстовите наметнати, се
разбира, од нивната практична функција. Конечно, ваквата анализа би
требало да ја олесни работата на правниот преведувач, должен да внимава
на структурата, да ги пренесе стилските особености, користејќи различни
јазични средства, а и да ја одбегне текстуалната повеќезначност која може
да има несогледливи последици во практиката.
Клучни зборови: првостепени пресуди, текстуална анализа, превод, француски јазик, македонски јазик