КРЕДИТНИОТ РИЗИК ВО КОМЕРЦИЈАЛНОТО БАНКАРСТВО
Abstract
Банките во своето работење се соочуваат со низа на
ризици кои произлегуваат од самото нивно работење, а во центарот на
вниманието се кредитниот и пазарниот ризик. Тие директно влијаат
врз солвентноста на банките во услови на зголемена конкуренција на
банкарскиот сектор. Кредитниот ризик е најдоминантен банкарски
ризик, претставува основа на банкарското работење и е содржан во сите
кредитни производи. Кредитниот ризик ја претставува подготвеноста
и способноста на должникот да ги подмири обврските кон банката, во
согласност со условите на договорот, со кои се регулираат договорните
односи за одредени финансиски трансакции. Кредитниот ризик може да
се манифестира во повеќе облици, видови и дименизии. Во литературата
постојат повеќе класификации на кредитниот ризик. Во трудот фокусот
го насочуваме кон дефинирање, значење и видови на кредитниот ризик.
Клучни зборови: банки, кредитен ризик, кредитни производи, значење, видови на кредитен ризик