ЕКСТРАТЕРИТОРИЈАЛНА АПЛИКАБИЛНОСТ НА УНИВЕРЗАЛНИ И РЕГИОНАЛНИ ИНСТРУМЕНТИ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО КОНТЕКСТ НА СПРАВУВАЊЕТО СО СОВРЕМЕНИТЕ ЗАКАНИ ОД ТЕРОРИЗМОТ

  • Попоска Весна
  • Јана Илиева

Abstract

Голем дел од современите противтерористички операции
се одвиваат во контекст на операции за воспоставување или одржување на
мирот, или операции кои подразбираат оперирање под јурисдикција која
е дискутабилна. Во секој случај, станува збор за употреба на вооружена
сила на туѓа територија, а едно од главните прашања кои се покренуваат е
прашањето за екстратериторијалното важење на меѓународното право за
човекови права, и во тој контекст правото на живот како фундаментално
право. Оваа навидум исцрпена дебата доби особено силна димензија со
одлуката на Европскиот суд за човекови права да се изземе од материјална
расправа за случајот Банковиќ. Врзувањето, пак, на јурисдикцијата
со ефективната контрола до денес остава отворени прашања. Целта на
овој труд е да ги изложи различните проблематични аспекти и да даде по
целесообразно гледање кон проблемот.
Клучни зборови: тероризам, човекови права, јурисдикција, ефективна контрола, меѓународно право

Published
2019-04-27