УЛОГАТА НА КОМИТЕТОТ ЗА ОДНОСИ МЕЃУ ЗАЕДНИЦИТЕ – ЦЕЛИСХОДНОСТ И ПЕРСПЕКТИВИ

  • Александар Петковски

Abstract

Комитетот за односи меѓу заедниците е тело кое работи
во рамките на Собранието на Република Македонија со цел да разгледува
прашања од односите меѓу заедниците и да дава мислења и предлози за
нивно разрешување. Имајќи го предвид значењето на Комитетот во
македонското повеќе етничко општество, со овој труд авторот прави
проценка на ефектите од работата на Комитетот врз менаџирањето
и унапредувањето на односите меѓу заедниците, преку анализа на
повеќе аспекти од работата на Комитетот, меѓу кои: прашањата кои
се опфатени во работата на Комитетот, резултатите од одлуките
на Комитетот, најзначајните фактори кои влијаеле врз работата на
Комитетот, динамиката во работата и актуелните општествени околности
и теоретските претпоставки при неговото основање. Резултатите од
истражувањето покажуваат дека влијанието на политиката и партиските
агенди е клучно врз определувањето на динамиката и резултатите
од работата на Комитетот. Пратениците не успеваат да ги надминат
партиските идентитети кога работат и одлучуваат во улога на членови
на Комитетот. Оттука следи заклучокот дека придонесот на Комитетот
за односи меѓу заедниците во унапредувањето на меѓуетничките односи е
незначителен.
Клучни зборови: консоцијална демократија, меѓуетнички односи, политичка волја

Published
2019-04-27