ПРОВИЗИИ ПРИ ТРАНСАКЦИИ СО ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ

  • Петрески Ѓорги
  • Јаќимоски Лазе

Abstract

Позитивните екстерналии кои се емитуваат како резултат
од користењето на платежните картички, претпоставуваат постоење на
трошоци кои се во функција на воспоставување рамнотежа во двостраните
пазари. Овие трошоци егзистираат преку плаќање на неколку видови
на провизии, како што се провизијата на трговците, поровизијата на
корисниците на платежни картички и провизијата на порамнување.
Поради сложеноста во функционирањето, провизиите во сите нивни
појавни облици, најзастапени се во четиристраните или отворените
системи со платежни картички. Провизијата на порамнување е главна
компонента во првовизијата на трговците, а нејзиниот износ се утврдува
со билатерални и мултилатерални договори помеѓу банките-членки на
одредена мрежа. Договорите со кои се утврдува постоењето и висината
на оваа провизија предизвикуваат бројни дебати во стручната и научната
јавност.
Клучни зорови: платежни картички, провизија на порамнување, провизија на трговецот, двострани пазари

Published
2019-04-27