МАЧЕЊЕ И ДРУГИ ОБЛИЦИ НА НЕХУМАНИ ПОСТАПУВАЊА
Abstract
Заштитата на слободите и правата на човекот и граѓанинот
се добива позначајно место во современите услови на живот. Тоа се гледа
во се поинтензивниот пристап на различните сегменти на општеството во
изградувањето на една либерална стратегија и вреднувањето на највисоките
обележја, воопшто, низ призмата на човековите врховни вредности, како
што се: животот, телесниот интегритет, слободата, егзистенцијата и
почитувањето на другите луѓе.
Анализирајќи го досегашниот развој на човековата мисла вткаена во
различните приоди на изградбата на едно современо човеково општество,
со сите негови позитивни и негативни карактеристики, се сретнуваат
низа недоречености и јасно неизиференцирани ставови по ова прашање.
Тенденција на современите збиднувања е создавање на една јасна
платформа на општествени случувања кои ќе бидат во функција на развој
на демократското општество во светски и европски размери.
Република Македонија и нејзините граѓани го одат патот во
изградбата на слободите и правата, постепено, но сигурно. Минатото и
неговите недостатоци не смеат да бидат пречка во остварувањето на
вековните стремежи за почитување, сожителство и разбирање со другите
луѓе, независно од нивните социјални, полови и етнички разлики.
Клучни зборови: слободи, права, човек, граѓанин, кривично право, кривична постапка