ЕВРОПСКО ДРУШТВО

  • Шабани Фатон

Abstract

Европското друштво (ЕД) или како што е општопознато
под латинското име Societas Europaea - SE е нова алатка во сферата на
европското компаниско право, која беше воведено и регулирано преку
заедничката европска нормативна регулатива. Оваа регулатива вклучува
две тесно поврзани инструменти: Регулативата за Статутот за европското
друштво и Директивата за учеството на вработените во управувањето.
Иако овие две инструменти имаат за цел основањето и управувањето со
друштвата со европска димензија, ЕД сепак е објект на мешано правно
уредување, затоа што за многу прашања овие две инструменти решението
го упатуваат кај националните закони на државите-членки каде ЕД го
има регистрирано своето седиште. Оваа флексибилност може да се
види во внатрешната организациска и функсионална структура на ЕД,
каде европската регулатива освен општото собрание на акционерите
како одлучувачко тело, формата на управување им ја остава на самите
основачи да одлучат кој систем ќе го изберат: едностепениот систем или
двостепениот систем на управување, но исто така, поставувајќи и условот
на учеството на вработените што треба да се обезбеди во секое ЕД.
Клучни зборови: Европското друштво, Регулативата за Статутот за европското друштво

Published
2019-04-27