ИСТОРИСКИ РАЗВОЈ НА ПОТРОШУВАЧКИОТ КРЕДИТ И КАМАТАТА

  • Анета Атанасовска

Abstract

Некои облици кредит секогаш имале и ќе имаат место
во човековото општество: најстарите белешки кои опстоиле од времето
на Месопотамија се однесуваат на кредитните трансакции. Секако,
лихварството било осудено, како од религијата, така и од државата. Со
текот на времето, општеството станува сѐ покомплицирано и кредитот
стана потреба за потрошувачкиот пазар и контролата на позајмување стана
поопуштена. Најраните облици на потрошувачки кредит, се чини, дека
се: кредитот даден од страна на трговец, заложувањето и позајмувањето.
Кредитот даден од страна на трговец се појавува во XVII-XVIII век, каде
што економската реалност диктираше: потрошувачите немале добра
стока за продажба, но и порошувачите немале пари да платат за добрата.
Заложувањето станува важна форма на кредит во доцниот XVI век,
особено во Лондон. На широко било користено од страна на сиромашните.
Најчесто ја оставале својата гардероба како залог. Спротивно на ова,
професионалното, ако може така да се каже, позајмување на пари било
извор на кредит кој го користеле средната класа на потрошувачи.
Клучни зборови: држава, општество, трговија, дефиниција, трансакции, консумеризам.

Published
2019-04-27