УЛОГАТА НА ПРАТЕНИЦИТЕ ВО ЗАКОНОДАВНАТА ДЕЈНОСТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - расчекор меѓу нормативното и реалното -

  • Снежана Гушева

Abstract

Пратениците како легитимни претставници на
граѓаните имаат одлучувачка улога во остварувањето на законодавната
дејност на Собранието. Со непосредното учество во донесувањето на
законите, тие востановуваат норми со кои се регулираат политички,
економски, социјални и други прашања што ги тангираат сите аспекти
од општественото живеење. Токму поради тоа, нивната позиција на
законодавци е исклучително значајна, но истовремено и исклучително
одговорна. Меѓутоа, досегашното дваесет и четиригодишното искуство
од функционирањето на повеќепартиското Собрание го наметнува
заклучокот дека постои сериозен расчекор помеѓу уставно утврдената
позиција на пратениците како законодавци и нивната реална, фактичка
улога во тој процес. Праксата и емпириските податоци укажуваат на нивна
сѐ уште недоволна активност во директното креирање на законските
решенија, иако има тенденции на подобрување на таквата перцепција.
За да се надмине сегашното поимање на пратениците единствено како
гласачи, потребен е нивен поголем индивидуален приод во предлагањето
на закони, но и нивно суштинско и конструктивно вклучување во
расправите по законите во сите фази од донесувањето.
Клучни зборови: пратеник, законодавна постапка, расправа,
гласање

Published
2019-04-27