ТУРИСТИЧКОТО ЗАКОНОДАВСТВО ВО МАКЕДОНИЈА
Abstract
Целта на овој труд е да даде преглед на туристичкото
законодавство во Македонија како дел од мерките и инструментите кои
најчесто се преземаат при водењето туристичка политика. Поконкретно,
трудот дава осврт на дел од правните прописи со кои се регулира развојот
на туризмот и угостителството во Македонија, притоа осврнувајќи се
на директната и специфичната регулатива. Заклучено е дека државата,
независно дали води активна или пасивна улога, е најзначајниот носител на
планирањето на туристичкиот развој, а со тоа и управувач на целокупниот
економски раст и развој. Истовремено дадени се препораки за креирање
рамнотежен и интегриран пристап помеѓу јавниот и приватниот сектор
при спроведувањето туристичка политика во Македонија, особено при
имплементирање на туристичкото законодавство.
Клучни зборови: туристичко законодавство, држава, туристичко
планирање, Македонија