ПОВЕЌЕКРАТНА ДИСКРИМИНАЦИЈА
Abstract
Во современото општество во кое сите права и слободи
во голема мера се загарантирани и регулирани со закон постојат
активности каде што истите тие права се повредени или се врши
одредена дискриминација. Дискриминација се јавува како резултат на
нееднаков третман на лицата во основните разлики. За да се спречи
оваа појава, потребно е правата да се добро познати и достапни на
соодветно ниво за да може дискриминацијата да се намали. За таа цел
во ова истражување ќе бидат истражени концепти и дефиниции за
дискриминација, видови на дискриминација и нејиното препознавање во
пракса. Исто така, ќе се направи преглед на законодавството за да се види
кои чекори се превземаат во поглед на регулацијата, со цел да се спречи
дискриминацијата. Ова истражување е, пред сѐ, да се утврди фактичката
состојба за регулирање на ова прашање, жалби до центрите за социјална
работа и социјалните работници, како и претставки до Комисијата за
заштита од дискриминација.
Постојат различни дефиниции на „основа за дискриминација“.
Една од најчесто спомнуваните дефиниции според Европскиот суд
за човекови права е „лични карактеристики со кои лица или групи на
лица се разликуваат едни од други“. Според друга дефиниција, основа
за дискриминација е карактеристика на еден поединец која не треба да
се смета за релевантна во однос на различниот третман или уживање на
одредени придобивки.
Правната дефиниција на поимот дискриминација значи нееднаков
третман врз основа на одредени лични особини и карактеристики, или
дискриминаторски основи, вклучувајќи неосновани класификации и
диференцијации во правен контекст. Во областа на човековите права,
поимот дискриминација е разликата во однос на уживањето на правата
врз основа на различни законски основи или неформално вградени
принципи.
Основа за дискриминација е заштитна карактеристика на која треба
да се базираат недозволените различни третмани и која може да биде лична
карактеристика или статус, или претпоставена лична карактеристика
или статус, со која личност или група на лица се идентификуваат како
одредена раса, боја, етничка припадност, јазик, националност, пол,
сексуална ориентација, религија, уверување, образование, инвалидитет,
возраст, семеен или брачен статус, здравствен статус итн.
Кумулативна (заедничка) дефиниција за повеќекратната
дискриминација: ако некој трпи нееднаков третман по повеќе основи
на дискриминација, каде дискриминацијата се случува во различни
интервали за секоја основа на дискриминација, станува збор за
повеќекратна дискриминација. Доколку дискриминацијата се случила по
повеќе основи, во исто време, тогаш тоа е кумулативна дискриминација.
Како и да е дискриминација која се случува по неколку основи, во исто
време, каде што имаме меѓусебна поврзаност и неразделност на основите,
станува збор за дискриминација на исклучување поврзано со национално
и етничко потекло, раса, вера и пол.
Клучни зборови: повеќекратна дискриминација, правна еднаквост,
религија, раса, етничка припадност, сексуална ориентација