СЕБЕСПОЗНАНИЕТО И ПРАВОТО ДА СЕ ЧОВЕКУВА

  • Јовица Илиќ

Abstract

Исправен пред современоста и демократијата речиси е незвозможно било што да се каже, а
притоа да не се повреди нечие чувство, нечие право или морал. Опкружен од хиперсензибилниот
свет, внимавам како се однесувам што зборувам што споделувам на фејсбук за случајно да не
повредам некого да не го одземам неговото право, да не ги повредам неговите чувства. Искрено
понекогаш таквата состојба ми смета бидејќи мојот живот како постојано да е во една состојба
на одржување на правото, состојба на прилагдување кон другите, па се бара од мене да бидам
толерантен, да негувам мултикултурализам, инкулзија, плурализам, па дури и да внимавам
како се однесувам кон оние различните од мене во делот на сексуалната определба или кон
сексуалните работнички кои не смеам јавно да ги нарекувам проститутки, но затоа тие смеат
јавно во провокативна облека да скандираат со црвените чадори по улиците. Како професор –
наставник не смеам хиперактивните деца да ги наречам невоспитани бидејќи родителите веднаш
реагираат, барајќи посебни програми, со чија помош уште повеќе би дошла до израз нивната
хиперактивност т.е. „умност“ и „интелегенција“. Сè позачестени се термините свет на разлики,
слобода на говор, вероисповед како и семинарите и работилниците на тема човекови права,
демократија и слично. Во неколку ситуации ме доживуваа како најдолен примитивец, кога се
застапував против легализација на марихуаната, против еднополните бракови и против абортусот
во крајна линија, дури и кога изразував сомнеж кон демократијата воден од идејата дека секогаш
скептицизмот ја унапредувал науката, наспроти идеолошкиот догматизам кој безрезервно се
прифаќа и со сè се согласува. И сè додека од овде јас размислувам за човековите права, сè повеќе
кај нас луѓето се хранат на ист начин, слушаат иста музика, конзумираат огромни количини
пива, скара по фестивалите, питијадите, самунијадите фестивалите од секаков вид. Од една
страна постојано се зборува за свет на разлики, додека од друга страна се живее онака како некој
замислил и се живее во духот на највулгарниот конзумеризам еднолитно придружено со поимот
на глобализацијата која како тема се наметнува сè почесто. Во една таква состојба не изненадува
воопшто зошто кога им зборувам на учениците од четврта година за Имануел Кант да речеме, а
со тоа и филозофијата ја доживуваат како нешто надвор од нивната животна опсервација, често
без некој предизвик да дискутираат, па морам дополнително да барам стратегија за мотивација
која најчесто низ игра треба да ме доведе до посакуваната цел, но често и во моите најдобро
осмислени вежби и подготовки останувам без потребниот фидбек од учениците.

Published
2021-01-30