СТАТУС НА ИНФЛУЕНСЕРИТЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ ПРАВЕН СИСТЕМ

  • Ана Здравева
  • Кристијан Панев

Abstract

Со развојот на технологијата и масовната експанзија на социјалните мрежи во
секојдневниот живот на луѓето денес, дојде до појава на сосема нова гранка во директниот
маркетинг, а тоа е инфлуенсерството. Инфлуенсер – маркетингот се појавува како нова и успешна
алатка за промовирање на прозводи, при што сè повеќе луѓе се појавуваат на социјалните мрежи.
Со текот на годините, стапката на инфлуенсери во дигиталниот маркетинг сè повеќе се зголемува,
при што се верува дека тие можат да влијаат врз одлуката на потрошувачите директно да ги купат
производите. Појавата на инфлуенсерството и нивниот ангажман е релативно ново, па оттука
прашањето за статусот на инфлуенсерите и нивната комерцијална активност во правниот систем
станува прашање вредно за разгледување и регулација. Како заработуваат инфлуенсерите? Постои
ли регулација за нивните дејствија? Ограничени ли се нивните дејствија во интернет просторот?
Каков е нивниот статус? Дали плаќаат даноци? Овие прашања заземаат централно значење во
елаборацијата на овој текст. Имено, правните аспекти на овој нов вид на маркетинг задираат
во повеќе сфери од македонскиот правен систем, притоа оставајќи широк простор за анализа,
интерпретација и регулација. Овој текст има за цел да направи анализа на правните аспекти од
договорите за соработка и маркетинг, дејствијата на т.н. инфлуенсери низ призмата на правото и
нивниот однос со правата и слободите на потрошувачите.
Клучни зборови: Инфлуенсер, маркетинг, социјални мрежи, правна положба.

Published
2022-02-04