INCOTERMS РЕГУЛАТИВИТЕ ЗА МЕЃУНАРОДНА ТРГОВИЈА: ПРАВНО И ЕКОНОМСКО ГЛЕДИШТЕ

  • Марио Чобанов

Abstract

Во изминатите две години, откако беше промовирана новата генерација на
incoterms регулативите на 01.01.2020 година, беше забележан значителен интерес за набљудување
на оваа проблематика, но она што недостасува е интегрираниот правно-економски пристап, што
го мотивираше авторот на научна интеграција, вклучувајќи ги измените и дополнувањата на
регулативите кои беа дополнителна мотивација за авторот. Предмет на овој труд претставуваат
категориите на incoterms регулативите за меѓународна трговија. Целта на овој труд е да се
направи теоретска, односно научна анализа на актуелните incoterms регулативи за меѓународна
трговија од правно - економско стојалиште, бидејќи овие регулативи претставуваат заедничка
проблематика на правните и економските науки. Од причина што, регулативите на меѓународната
трговија претставуваат мултидисциплинарна и интердисциплинарна проблематика, во овој труд се
користени современи методи на научното истражување кои се карактеристични за општествените
науки: историски метод, метод на индукција и дедукција, метод на анализа и синтеза, метод на
набљудување и дискриптивниот метод. Трудот започнува со теоретски осврт на регулативите за
меѓународна трговија и продолжува кон елаборирање на актуелните категории и новите измени
на клаузулите, со цел да се дојде до релевантен заклучок.
Клучни зборови: Узанси, транспорт, шпедиција, логистика, осигурување, договор.

Published
2022-02-04