УЛОГАТА НА ОРГАНИТЕ НА КРИВИЧНИОТ ПРОГОН ВО СПРЕЧУВАЊЕ, ОТКРИВАЊЕ, РАЗЈАСНУВАЊЕ И ДОКАЖУВАЊЕ НА КРИВИЧНИТЕ ДЕЛА ПОВРЗАНИ СО ЗЛОУПОТРЕБА НА ДРОГА

  • Билјана Богданова-Смилевска

Abstract

Во трудот ,,Улогата на органите на кривичниот прогон во спречување, откривање, разјаснување и докажување на кривичните дела поврзани со злоупотреба на дрога” од м-р Билјана Богданова-Смилевска е даден осврт на активностите на органите на кривичниот прогон во спречување, откривање, разјаснување на кривичните дела поврзани со злоупотреба на дрога. Оваа дејност, заедно со процесот на разјаснување и докажување, ја вршат органите на кривичниот прогон: Министерството за внатрешни работи, Јавното обвинителство заедно со правосудната полиција и Царинската управа. Постојат и други посредни органи, главно инспекциски кои се надлежни во борбата против овие видови на кривични дела.
За таа цел, главно, преку анализата на надлежностите на овие државни органи, како и преку годишните публикации на Државниот завод за статистика кои се однесуваат на пријавени, обвинети и осудени сторители на кривични дела, ќе се направи сумарна табела за десетгодишниот истражуван временски период (2006-2015 година) за да се утврди филтрацијата на овие кривични дела низ органите за кривичен прогон.
Клучни зборови: органи за кривичен прогон, спречување, откривање, разјаснување, докажување, кривични дела, злоупотреба на дрога.

Published
2023-08-15