ФЕНОМЕНОЛОГИЈА НА СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО
Abstract
Семејното насилство како општествено негативна појава го следи општеството и човековата цивилизација од времето на нејзиното настанување па се до денешното време, кое се карактеризира со висок степен на развој на технологиите и информационите системи. Овој развој на општеството од денешен аспект самиот по себе не значи и елиминирање на сите форми на насилство, па и елиминирање на семејното насилство, туку напротив истото е се поприсутно и добива нови форми и типови на дејствување. Во историска генеза самото насилство, а со тоа и семејното насилство се манифестирало на најразлични начини, низ различни облици и форми, што во најголемиот број од случаите, овој развој зависел од степенот на развојот на општеството и на цивилизацијата.
Клучни зборови:, агресија, облици, девијација, типологизација, семејство, заедница