КОМПАРАТИВНОТО ГРАЃАНСКО ПРОЦЕСНО ПРАВО - БЛИСКА РЕАЛНОСТ ИЛИ НЕПОТРЕБНА НАУЧНА АМБИЦИЈА
Abstract
Градењето на граѓанските процесни системи во согласност со принципот за национална процесна автономија долго време го маргинализираше развојот на компаративното граѓанско процесно право.Дури во последниве неколку години започнуваат да се надминуваат овие замрзнати научни позиции заради потрагата кон побрз и поефикасен пристап до правдата. Поради ова започнува проучувањето на граѓанската постапка во една компаративна димензија (граѓанската постапка на европскоконтиненталниот и граѓанската постапка на англоамериканскиот процесен системи) со цел учење од компаративните предности. На овој начин се поизразено компаративното граѓанско процесно право галопира кон својата научна автономија иако сеуште постојат фактори кои го инхибираат развојот на оваа научна дисциплина. Одовде, вистински предизвик е да се даде одговор на прашањето дали компаративното граѓанско процесно право е иднината на процесниот догматски фокус, или пак, само непотребна научна амбиција.
Клучни зборови: граѓанска постапка, инхибирачки фактори, поттикнувачки фактори, микро ниво, макро ниво, развој