ПРЕТРПРИЕМНИШТВО И СИСТЕМ НА ОБУКИ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР: ЗНАЧЕЊЕ И ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Abstract
Целта во овој труд претставува разработка на концептот на претприемништво во јавниот сектор односно неговата улога и значење во пошироки општествени рамки со краток осврт на Република Македонија. Под влијание на филозофијата на новиот јавен менаџмент за глобално и систематско реформирање на јавниот сектор особено во земјите во развој, меѓудругото, претприемничкото размислување во јавниот сектор слично на приватниот сектор претставува еден од клучните пристапи на управување во јавните организации. Оттука, трудот дава осврт на еволуцијата на јавното претприемништво и неговото влијание врз развојот на една современа и модерна јавна администрација која слично на приватниот сектор би функционирала поефикасно и поефективно во процесот на опслужување на граѓаните и задоволување на јавниот интерес. Иако системот на обуки е правно и институционално поставен, сепак, претприемничкото однесување на вработените во јавниот сектор во Република Македонија е сеуште недоволно развиено. Заклучоците содржат одредени препораки за можни идни чекори и насоки кои би можеле да се вградат во официјалните документи со цел мотивирање на вработените во јавниот сектор за прифаќање и примена на претприемничкото однесување во јавниот сектор во Република Македонија.
Клучни зборови: нов јавен менаџмент, вработени, однесување, правна рамка, реформи, јавен интерес