ОБЈЕКТИВНА МЕДИЈАБИЛНОСТ НА СПОРОВИ ОД ИНДУСТРИСКА СОПСТВЕНОСТ

  • Емилија Матеска

Abstract

Медијацијата како метод за алтернативно решавање на споровите нуди многу предности и придобивки за странките во спорот. Решавањето на спорот по пат на медијација значи избегнување на скапите и долги судски постапки и решавање на спорот по мирен начин. Споровите од индустриска сопственост, особено оние кои настанале за време на долготраен договорн однос, вклучуваат прашања кои се од важност на странките да останат надвор од дометот на јавноста, да бидат надминати и решени без да стават последици на понатамошната соработка на странките. Споровите од индустриска сопственост најчесто се однесуваат на прашања за кои постојат комплексни законски решенија, но и чувствителни информации кои е потребно да останат доверливи. Во трудот се анализирани правните претпоставки за дозволеноста на споровите од индустриска спственост да бидат решавани по пат на медијација, како во компаративното право така и во Република Македонија. Преку анализа на ситуацијата во сферата на решавањето на споровите од индустиска сопственост по пат намедијација во Република Македонија, ќе бидат препорачани одредени мерки за подобрување и поголема примена на медијацијата во споровите од индустриска сопственост.
Клучни зборови: медијација,ефикасно решавање на спорови, индустриска сопственост

Published
2023-08-17