ПРОФИЛОТ НА ГРАЃАНСКИ ЗДРУЖЕНИЈА: ДАВАТЕЛИ НА СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

  • Aндон Дамовски

Abstract

Граѓанското содружништво  афирмира самоорганизирање на граѓаните, во различни форми на здружување заради остварување на одредени интереси или за задоволување на одредени потреби.

Улогата на граѓанското содружништво во развојот на демократско општество ужива растечки тренд на одобрување, но постојат и многу недоречености во однос на неговото постоење. Она што го дефинира граѓанското содружништво е фактот дека тоа е просторот каде што граѓаните можат слободно да се здружуваат и организираат во групи и организации на различни нивоа во согласност со нивните интереси и потреби и помалку или повеќе независно од државата или другите јавни власти и од економијата. Сепак, граѓанското содружништво  не може да се перципира како опозиција на државата и стопанството. Денес, особено под влијание на новите парадигми за организација на општествениот живот учеството на  граѓанските здруженија  во процесите на креирање јавни политики  е се почест предмет на интересирање веќе подолг временски период. Во последните три децении од развојот на македонското опшетство граѓанското здружување и со него поврзаните поими како, на пример, граѓанско содружништво, невалдин сектор, цивилно општество, граѓанско опшетство, непрофитен сектор итн,  зазема се поистакната место. Тоа е присутно во сите сфери на опшетствеото живеење. Ако на почетотот од транзицијата оваа идеја носеше главно политичка димензија денес таа е концептуализира скоро во сите области на општествениот  живот па и во процесите на развојот  и имлементирањето на политики.  Во тој контекст граѓанското содружништво зазма се поистакнато место во развој и спроведување на социјалните политики во светот и кај нас. Се поголем број на граѓански здруженија и организации се вклучуваат во спроведување на социјални политики што доведува до креирање на продуктивни социјални политики.

Во рамки на овој текст, поаѓајќи од постојните законски определби на граѓанските здруженија кај нас се прави профил на граѓанските здруженија со посебен акцен на граѓанските организации кои се лиценцирани како даватели на социјални услуги. Профилирање на граѓанското содружништо кај нас е изведено како статистичка анализа на податоците достапни во Листата на граѓански организации на Централниот регистер на Република Северна Македонија..

Published
2024-02-20