ПРИМЕНА НА ПРАВОТО И КАЗНУВАЊЕ НА ЕКОЛОШКИ КРИВИЧНИ ДЕЛА КАКО МЕРКА ЗА БОРБА ПРОТИВ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ

  • Вероника Газепова

Abstract

Последните неколку децении се соочуваме со негативни ефекти од

штетното управување со природните ресурси од страна на големите корпорации, но и

штетно искористување на истите од страна на луѓето на планетата Земја. Тие за своја

последица имаат климатски промени, кои го опфаќаат секој сегмент на човековото

живеење, а правејќи го светот небезбедно место за живеење. Статистиките на различни

меѓународни извештаи покажуваат дека ова нема да издржи на долг рок. Неефективното

казнување на сторителите на еколошките кривични дела од друга страна им обезбедуваат

„слободни раце“ на криминалците, да преземаат криминални активности и понатаму, но

борбата нема да застане тука.

Ова истражување користи квалитативни методи за анализа на правните

механизми и казните за еколошките кривични дела. Европската Унија се залага за

воведување нови инструменти за заштита на природните ресурси и казнување на

сторителите, а исто така и пошироко на меѓународно ниво се обезбедуваат поголеми

механизми кои детално се разработени во овој труд.

Целта на ова истражување е да се направи подобар преглед на еколошките

кривични дела и нивните сторители, природата на еколошките кривични дела поврзани

со климатските промени, нивните карактеристики и својства, меѓународните правни

инструменти за заштита на климата и околината и правните механизми за заштита

воопшто, како и практиката на судовите во овој дел, преглед на правните механизми и

постојните казни за еколошките кривични дела поврзани со климатските промени, како

и состојбите во РСМ. Наодите укажуваат на потребата од значителни подобрувања во

правната рамка и имплементацијата на казните. Трудот завршува со препораки за

подобрување на постојните правни механизми и зајакнување на меѓународната

соработка во борбата против климатските промени.

Клучни зборови: еколошки кривични дела, криминалитет, правни механизми,

климатски промени, природни ресурси, Европска Унија, меѓународна соработка.

Published
2025-02-06