ПРЕДИЗВИЦИ И ФАКТОРИ ЗА УСПЕШНА ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТАЦИЈА
Abstract
Во трудот, авторот ги претставува теоретските дефиниции на поимот јавна администрација во 21 век и укажува дека практичарите и теоретичарите на дигиталната трансформација на јавната администрација гледаат како на важен чекор кон остварување на најважните принципи на модерната администрација: учество, ефикасност, транспарентност, отчетност, судска и парламентарна контрола на нејзината работа, и која ќе биде јавна служба наменета и прилагодена на потребите на граѓаните.
Во овој труд, авторот, врз основа на анализа на голем број документи посветени на дигиталната трансформација на јавната администрација во Европската Унија и преку претставување на добри практики, укажува на: политичката волја и стабилност, техничката инфраструктура; интероперабилноста; обуката на вработените во јавната администрација, дигиталната писменост на граѓаните и бизнис заедницата и, на крај но не помалку важно, сложената и соодветна правна рамка, како клучни фактори во овој процес.
Како добри практики, авторот ја истакнува дигиталната трансформација на јавната администрација во Кралството Данска.
Клучни зборови: јавна администрација; дигитализација; вештачка интелигенција, интероперабилност; отчетност; владеење на правото.