ФОРМИ И ПОЛИТИКИ НА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА

Authors

  • Христина Георгиевска

Abstract

Ова истражување вклучува основни концепти и дефиниции за конкуренција, политиката на заштита на конкуренцијата и конкурентното право. Главен фокус и предмет на истражувањево во самиот труд е заштита на правата на конкуренција во комунитарното право.
Целта на ова студија е да се испита моменталната состојба на политиката на конкуренција во Република Северна Македонија, идентификација и разгледување на клучните пречки и недостатоци кои го отежнуваат комплетирањето и соодветното спроведување на правилата на конкуренцијата и давање препораки за подобрување на политиката на заштита на конкуренција. Препораките првенствено се наменети за носителите на одлуки во процесот на креирање на политики и законодавство во областа на заштитата на конкуренцијата, како и за оние кои се одговорни за правилната примена на важечката правна рамка.
Исто така, фокусот на ова истражување е да укаже и на недостатоците на регулативи за заштита на конкуренцијата, како и да се прикаже посакуваниот концепт за понатамошен развој на правото во оваа област, преку развојот на правната рамка во насока на обезбедување на просперитет во економскиот развој на Република Северна Македонија, да се истакнат манифестациите на нарушување на конкуренцијата во единствениот пазар на Европската Унија, како и основните институционални и процедурални механизми за нивно спречување и санкционирање.
Затоа и главен фокус на овој труд ќе биде насочен и кон проучување на европската правна заштита на конкуренцијата, со проучување на конкретни одредби како делови од правни извори во оваа област. Законот за конкуренција на единствениот пазар на Европската Унија, во согласност со владејачката политика, не е доволно истражуван во домашната правна литература. Особено, не е доволно истражен односот помеѓу конкурентното право и судската пракса, на кое прашање ќе биде посветен посебен дел од овој труд, преку анализа на содржината на одберени судски пресуди на европските судови, кои по својата суштина се поврзани со примена на правата за заштита на конкуренцијата.
Научните резултати од овој труд и елементите на моделот на заштита на конкуренцијата кој е применлив во правните системи на земјите формирани на територијата на поранешна Југославија, со посебен осврт на Македонија, ќе бидат истакнати во завршните забелешки на самиот труд.
Клучни зборови: заштита на конкуренција; непосредна и посредна заштита на конкуренција; американски модел на заштита на конкуренција; европски модел на заштита на конкуренција.

Downloads

Published

2026-01-23