БЕЗБЕДНОСНАТА ДИЛЕМА ВО КОНФЛИКТОТ ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА И ВЛИЈАНИЕТО НА РЕЛИГИЈАТА
Abstract
Конфликтот во Босна и Херцеговина може да се анализира и низ призмата на Теоријата на безбедносна дилема, која дава објаснувања како земјите и етникумите проценувајќи ги безбедносните предизвици и претпоставки на соседните држави и етникуми, може да доведат до конфликти, главно поради недостаток на доверба и други несогласувања.
Во контекст на конфликтот во БиХ, Теоријата на безбедносна дилема може да се објасни на следните начини:
Етничките и националните разлики: Државите и етничките групи во рамки на БиХ можат секој друг соседен етникум да го гледаат како потенцијална опасност за својот опстанок. На пример, босанските Срби, Хрвати и Бошњаци можат на различен начин да ги проценуваат ризиците и да имаат различна претстава за сопствената безбедност што може да доведе до меѓуетнички превирања и конфликти.
Политички и институционални структури: Нееднаквоста на политичката и економската моќ меѓу различните етнички групи може да ја засили безбедносната дилема. Доколку некоја етничка група заклучи дека некоја друга етничка група е безбедносен ризик или пак сама по себе е доминантен фактор, тоа може да ја зголеми веројатноста за конфликт.
Меѓународни интереси и влијанија: Позицијата на поранешна Југославија, во геополитичка смисла (со тоа и позицијата на БиХ, како централна република на поранешна СФРЈ) е директно засегната од влијанието на меѓународни фактори, соседни земји, меѓународни организации. Сето ова може дополнително да ја засили или да ја намали безбедноста дилема. Интервенциите на меѓународната заедница во БиХ може да влијаат на перцепциите за безбедност и да влијаат на динамиката на конфликтите.
Клучни зборови: Босна и Херцеговина, конфликт, геополитика, безбедносна дилема.