КРИМИНОЛОШКИ АСПЕКТИ НА ЕКОНОМСКИОТ КРИМИНАЛ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА КРИВИЧНИТЕ ДЕЛА ОД ОБЛАСТА НА ЈАВНИ ФИНАНСИИ, ПЛАТНИОТ ПРОМЕТ И СТОПАНСТВОТО ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Authors

  • Нина Маџовска-Наумовска

Abstract

Терминот „економски/финансиски криминал“, доколку се анализира во поширока смисла го опфаќа секој вид на таканаречен ненасилен криминал, чија крајна последица е финансиска загуба. Во отсуство на конкретна дефиниција и концепт на економскиот, односно финансискиот криминал може да се каже дека истиот опфаќа поширок опсег на нелегални активности, односно противправни дејствија, инкриминирани во повеќе кривични дела како перење пари, даночна и царинска измама, даночно затајување, фалсификување пари и други. Со напредокот и развојот на технологијата и воедно целокупниот процес на дигитализација, уште потешко е да се систематизира и дефинира што точно опфаќа и претставува економски/финансиски криминал.
Сепак, потребно е да се направи разлика меѓу економскиот и стопанскиот криминал. Во науката постои поделеност меѓу авторите, меѓу дефинирањето на стопанскиот и економскиот криминал. Всушност, поголем дел од авторите го застапуваат стојалиштето дека стопанскиот криминал е поширок поим од економскиот криминал и дека истиот ги опфаќа и кривичните дела сторени против службената положба и овластување, како и имотниот криминалитет.
Во нашиот казнено-правен систем, најголем дел од кривичните дела од економскиот криминал се лоцирани во Глава 25 – Кривични дела од областа на јавни финансии, платниот промет и стопанството. Bo понатамошниот текст ќе се даде осврт на економскиот криминалитет, посебно од аспект на систематизираните кривични дела од Глава 25 од Кривичниот законик на РСМ, неговиот феноменомлошки, но и етиолошки и виктимолошки аспект.
Клучни зборови: стопански криминал, темна бројка, перење пари, јавни финансии, платен промет.

Downloads

Published

2026-01-23