Класификациски систем на традиционалните игри во делото на Љубица и Даница Јанковиќ
Abstract
Интересот за темата што следи се јави како резултат на големата научна вредност на делата на Јанковиќ, како и потребата нивниот емпириски матријал да биде анализиран според одредени етнокореолошкo-антрополошки параметри. Како основа на кореолошката класификација што следи, го користев издадениот етнографски и етнокореолошки материјал од одредени предели на Македонија, поточно 89 традиционални игри во третата книга„Народни игри“, издадена во Белград, 1939 година. Во оваа книга се собрани традиционални игри од етничките предели Долни Полог, Горни Полог, Жеглигово и Средорек, Скопска Црна Гора и Скопска Блатија, како и традиционалните игри од градската култура на Скопје, Тетово, Гостивар и Куманово (Јанковиђ,1939: 8-288).Целта на истражувањето е да се утврди колку регистрираните традиционални игри и нивното расчленување на неколку структурни елементи ќе влијае кон подобрување на етнокореолошки сознанија и нивна примена во наставната пракса.