Релевантни етнокореолошки и етнолошки карактеристики на орото Ибраим Оџа, претпоставка за следење на регионалната идентификација
Abstract
Од веќе постоечките релевантни истражувања и записи за орото Ибраим оџа, Ганчо Пајтонџиев дава најрани записи, забележувајќи го орото во градот Велес во 1954 година, отсвирено од велешката чалгија на Ало Тончов.
Авторот Михајло Димовски во периодот на 70 години од XX век, од орскиот материјал забележан од искусните играорци во ансамблот Танец, во книгата Македонски народни ора од репертоарот на Ансамблот за народни игри и песни „ Танец “, кинетографски го забележува орото под називот Ибраим оџа (Димовски,1977:206-209).